Ниту една набавка напревена од оваа власт не е ослободена од сомнежот за сериозна злоупотреба. Новоименуваната заменик-претседателка на СДСМ Сања Лукаревска набавувала компјутери по цена и од 2400 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија смета дека Лукаревска и, како што велат, нејзиниот ментор Заев, се ставени во полн погон на неразумно трошење на народните пари во време кога 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, 60 илјади се новоневработени, а над 6.000 компании ставија клуч на врата поради кризата.

Имено УЈП набавува 100 компјутери по цена од 45.423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од  53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи по неверојатни 145.848 денари без ДДВ по парче. Или вкупно над 400 илјади евра ќе потроши Лукаревска во овој турнус набавки на компјутери во ек на економска криза. Патем истата таа Лукаревска склучила и дополнителен договор вреден 440 илјади евра со приватна агенција за вработување за само година дена, преку кој договор ќе бидат ангажирани 33 лица, иако во УЈП веќе се распоредени над 100 лица кои беа дел од „рамковните вработувања“, реагира опозициската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.