Во тек се контроли од страна на УЈП во фирми од текстилната, кожарската и кондиторската индустрија, по пријава на Здруженито „Гласен текстилец“, како и по анонимни пријави од работници дека во компании се исплаќа дел од платата на рака, или пак се исплаќа плата до минимален износ, а потоа се бара дел да се врати назад.
Јавна тајна е дека има плата на рака или враќање на дел од плата. Во тек е поопсежна контрола на фирми што го опфаќа нивното петгодишно работење наназад – рече на денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.