Развојот во Македонија мора да се заснова на здрави основи, а не со политики купи ден помини како што прави владата на СДСМ, смета претседателот на ВМРо-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мора на здрава основа да се темелат политиките, не само во економијата, општо, стратешкото позиционирање на владата треба да биде осмислено темелно анализираме и да претпоставиме неколку чекори кои што ќе ги направиме, со политики купи ден продај ништо не правиме. Само назад одиме, истакна тој во интервју за ТВ Шења.

Мицкоски посочи дека мора да се направи реиндустријализација затоа што во моментов перформансите на македонската економија посебно во преработувачката индустрија, се очајни, а тоа е резултат на даночната политика на власта и дополнителните давачки наметнати на компаниите.

Мораме да ја вратиме старата даночна политика на рамен данок. Мораме да ги скратиме оние дополнителни оптеретувања на политиката кон компаниите во делот на зголемување на акцизите за дизел горивото што е од 3 денари така натака. Ние мораме да се позиционираме претприемачки и да размислуваме претприемачки за да го постигнеме ефектот на зголемен волумен, повеќе пари во буџетот и врз основа на тоа ја зголемуваме платата, нагласи Мицкоски.

Мицкоски е убеден дека со кадровските решенија на партијата, кои имаат сериозни биографии и портфолија, ќе успее да гарантира работа за интересите на Македонија и многу реформи за подобар живот.

ВМРО-ДПМНЕ е најголема партија во Македонија, има голем кадровски потенцијал, ние не можеме по периоди да ги делиме луѓето во партијата. Она што е важно е дека секој од нив треба да даде максимум за она за кое што ќе биде номиниран и она за кое што ќе му биде дадена шанса. Ќе има многу експерти, натпартиски луѓе, кои не поминале во структурите на партијата, но затоа имаат сериозна биографија и лично портфолио да гарантираат дека ќе работат за интересите на Македонија и дека ќе направат многу реформи за подобар живот во Македонија, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека тоа е она врз основа на кое партијата ќе прави кадровски селекции, луѓето да се компатабилни, конкуренти и дали тие луѓе се подготвени да работат чесно, честито, професионално да бидат отчетни и нула толеранција за криминалот и корупцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.