Додека власта забранува протести на лозарите во кавадаречко, информации пристигнуваат од соседно Неготино. Лозарите од Тремник излегоа на протест. Велат два дена нема откуп на вранец и смедеревка.

Имено тие незадоволни од третманот на властите решија револтот да го искажат на улица со протести.

Попладнево тензично беше и на Лазово мовче, лозаро-производителите велат дека сакат да се упатат на протест пред општината, полицијата ги спречуваше во намерата, велат ако се соберат на протест тоа да биде мирен и достоинствен протест …

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.