Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, објави „Фокус“. Тој и претходно беше предложен за оваа позиција но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство.

Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.

Тој и претходно беше предложен за оваа позиција но во август 2017 година, поднесе оставка поради силните реакции на јавноста поради тоа што Зиков важеше за силен поддржувач на политиките на Груевски. Во својата оставка во 2017година преку Фејсбук статус за неговите критичари тој напиша:

Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го показаа своето вистинко жално лице … Ним средниот прст.

Потполно сум свесен дека цената што се плаќа при прифаќање на ваква функција е висока! Јас бев решен да ја плаќам континуирано низ месеците и годините нанапред, силно посветен на остварување на визијата и мисијата на компанијата и владата со целото мое знаење, посветеност и професионалност. Исто така како што го градевме Капитал и уште четири други мои фирми во минатите 18 (осумнаесет) години. Мегу кои едукациски центар Концепт за бизнис образование и други фирми… Но, не можам таа цена да ја плаќам уште не влезен во зградата на мепсо. Тоа едноставно не е фер. Затоа “идемо далје” … светот нити почнал нити ке заврши со мепсо 🙂 Еве го местото е слободно ајде колете се да го земете :)) Им благодарам на сите мои пријатели кои честитаа на изборот и цврсто застанаа зад мојата прва одлука … Им благодарам и на оние кои се истрчаа да хејтаат и да ми се посерат на главата, па си го показаа своето вистинко жално лице … Ним средниот прст!, напиша Зиков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.