Министерката за финансии Нина Ангеловска ги превзема сите мерки за заштита на своето здравје, а доказ за тоа е што таа се вози во посебен лифт во Министерството за финансии.
Извори од МФ за „Инфомакс“ велат дека откако е започната кризата има наредба еден од лифтовите во министерството да го користи само Ангеловска, а сите останати над 400 вработени да се возат со само еден лифт.
Лифтот на министерката секојдневно се дезинфицира и се поминува со УВ лампи.
Денеска беше соопштено дека позитивна на коронавирус е личниот фотограф на министерката за финансии, инаку вработена во една национална телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.