Во пресрет на вториот круг од локалните избори во Охрид, со документи порталот Лидер.мк открива милионска поврзаност на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Константин Георгиевски, со екс-директорот на Телеком, Жарко Луковски.

Документите од „Катастар за недвижности“ кои ги објавува порталот покажуваат дека Луковски поседува атрактивна парцела на охридското крајбрежје заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Костадин Георгиевски.

Се работи за имотниот лист со број 786, за сопственост на парцелите 2743/2 и 2743/3, кои се наоѓаат на атрактивна локација во месноста „Конско“. Според имотниот лист, парцелите се со вкупна површина од 4,736 метри квадратни и двајцата сопственици, Георгиевски и Луковски се сопственици со еднаков удел 50-50.

По слободна проценка, може да се каже дека ова земјиште има милионска вредност, ако се има предвид дека се наоѓа со директен пристап до охридското езеро и е во непосредна близина на локалниот пат. Целата афера може да ја прочитате на Економски Лидер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.