Без укинувањето на приватните извршители, секоја влада претставува режимска влада, порачаа од партијата Левица и повикаа на укинување.
Од партијата споделија порака која ја добиле од граѓанин.
Вработен во моја фирма добива осум налози за извршување, сите заради неплатен паушал и судски трошоци во вредност од 1.000 ден. Значи осум паушала неплатени по 1.000 ден се 8.000 ден. Сега мојот вработен со чинот на извршување, треба да плати вкупно 92.000 ден. Значи 8.000 паушал што должи, плус 84.000 денари за извршни дејствија. На самите налози се гледа дека огромните суми се вадени како од ракав, значи по желба на господин господин извршител, гласи пораката.
Од Левица потсетуваат дека за време на изборната кампања токму сегашниот претседател Пендаровски изјави дека ако некој должи 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе 3 или 5.000 денари.
На крајот на својот мандат, оваа нелегитимна влада не спроведе ниту една мерка од интерес за сиромашните граѓани, туку ги продолжи политиките на осиромашување и рекетирање врз грбот на обичниот работник. Владата предводена од Кочо Анѓушев и Нина Групер единствено ги штити интересите на крупниот капитал, и токму поради нивните рекетарски политики врз обичниот народ на престојните избори им престои неминовен колапс, потенцираа од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.