Денес политичката партија Левица поднесе пријава до Државниот испекторат за земјоделство и до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за итен инспекциски надзор врз градежните активности кои се одвиваат на струшкото крајбрежје, каде претходно беше опожарена огромна локација со трска.
Бесправното уништување на струшкото крајбрежје кое трае со години и го загрозува целиот екосистем на Охридското езеро континуирано е игнорирано и премолчено од секоја владејачка гарнитура. Природното богатство не смее да се третира само како приватна сопственост за остварување на профит на мал круг на луѓе заштитени од власта. Политичката партија Левица ќе ги преземе сите можни механизми против нелегалната узурпација и уништувањето на едно од нашите најголеми природни богатства, пишуваат од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.