Владините мерки за економски раст преку фамилијарно одгледување марихуана за медицински цели се чуле дури до Америка, па еден од најуспешните претприемачи на индустријата за канабисот, мултимилионерот Биг Мајк се спотнал со приватен авион од САД до Скопје на состанок во Владата.
Интересно е што за овој инвестициски бум во најава, сепак, не дознаваме од транспарентната и отчетна владина прес-служба, како што е редот, туку од Инстаграм профилот на Биг Мајк, кој педантно го бележи пристигнувањето на скопскиот аеродром, потоа трансферот од аеродромот до градот со полициска придружба како специјален гостин на премиерот, секако средбата со премиерот одржана вчера, средбата со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ и на крајот, човекот дури и дава изјава за Инстаграм.
Испративме повеќе новинарски прашања за средбата на македонскиот премиер Заев и американскиот бизнисмен Биг Мајк, но добивме краток отсечен одговор.
Владата на Република Македонија и премиерот Зоран Заев на дневно ниво реализираат бројни средби и работни состаноци на економски теми. Не постои професионален стандард или пракса за јавно информирање за сите работни средби во Владата, посочија од Владата.
Досега Владата не одбивала да одговори за средбите „од трет вид“ што ги одржува премиерот во зградата на Владата. Како пред една година, кога го прими светскиот лажго, пронцот на Црна Гора и Македонија Стефан Черноевиќ, кој дури и го одликува.
Иако од Владата нема информација, Биг Мајк на својот Инстаграм профил веќе објави фотографии од средбата со премиерот Заев. Тој напиша дека земјава има голем потенцијал и ќе може да ја направи Македонија најголем производител на марихуана. Најави големи случувања…
Кој е Биг Мајк?
Мајкл Страументис (Биг Мајк), познат и како „Marijuana Don“ и „Инстаграм“ крал на марихуаната.
Сопственик е на „Advanced Nutrients“, компанија специјализирана за суплементи и производи од марихуана, лоцирана во Канада. Неговото богатство се проценува на милиони долари. На „Инстаграм“ редовно објавува фотографии од девојки, пари, приватни авиони, автомобили и многу мариухана. Другите таканаречени кралеви на „Инстаграм“ на своите фотографии немаат марихуана, па Страумеитис смета дека тоа е неговата голема предност.
Биг Мајк е роден во Портланд, Орегон и потекнува од семејство од пониска класа. Неговиот татко починал како тинејџер, а мајка му станала зависник од дрога.
Кога имал 19 години, основал компанија за ѓубрење тревници. На 23 години му рекле дека може да заработи многу пари ако одгледува марихуана, па ги унапредил своите техники до тој степен што изградил империја.
Одгледување на марихуана за медицински цели е прилично доходовен бизнис, во кој најголем удел има семејството Заеви и нивни блиски, а со оглед на тоа што од Владата одбиваат да одговорат на „парамедиум“ од рангот на „Република“, ни оставаат простор да се сомневаме дека средбата била од приватен карактер.
Според официјални информации, претставници на фамилијата Заеви инкасирале 3,3 милиони евра од бизнисот со марихуана.
Струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“ лани ја имала наjдобрата година во последните четири години, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра (50 отсто од вкупниот приход). Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис. Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“, Жан Ангов, поседува 26 акции.
Со новите построги законски мерки кои се воведуваат за одгледување на марихуана, имаше реакции дека тие се со цел никој друг да не може да везе во оваа доходовна индустрија.
Освен Заеви во бизнисот со марихуана е влезен и Ване Андреев, адвокатот на Заев, кој е дел од сопствеништвото на „Канабис ОНЕ Доо Струмица“.
Голем скандал кој беше обзнанет во медиумите, а никој не го демантираше беше и тоа дека Сара Еленова, монахиња во епархијата на митрополитот Наум, близок пријател на премиерот, е еден од косопствениците и партнерите во фирмата „Канабис Оне Доо Струмица“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.