Законското решение кое ќе го изготви ВМРО-ДПМНЕ и ќе го поднесе до Собранието ќе ја легализира трговијата со криптовалути и нивното чување. Граѓаните кои што ќе тргуваат ќе бидат ослободени за тргување со истите од ДДВ, а инвеститорите од данок на доход и данок на добивка најмалку до крајот на 2023 година – стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив со формализирање на трговијата ќе им се овозможи на нашите граѓани кои тргуваат со круптовалути да можат да ги разменуваат за пари во Македонија, а на правните лица ќе им се овозможи да вршат плаќања кон странство кон своите добавувачи или клиенти во криптовалути, и сето тоа да биде формално регистрирано како да се работи за жирално плаќање, со тоа ќе се овозможи поголема брзина во трансакциите и пократки временски рокови за вршење на плаќањето.

Над 40 банки во Германија веќе овозможуваат трговија и чување на криптовалути за своите клиенти. Пеј Пал тоа го прави во САД, а Виза има дебитни картички кои овозможуваат поддршка на криптовалути. Да фатиме чекор со напредните држави. Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе! – велат од најголемата опозициона партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.