Замрзнати цените на основните прехранбени продукти. На денешната седница, Владата го прифати барањето на Министерството за економија и донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи во малопродажбата и големопродажбата.
Цените остануваат исти на:

-лебот,
-шеќерот,
-брашното Тип 400,
-сончогледово масло за јадење,
-трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,
-месото и сувомесните производи,
-сирењето и урдата.

Со реакција се јави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вели дека одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти може да го ублажи, но не и да го спречи бранот на инфлација и намалувањето на животниот стандард на граѓаните.

Од Министерството за економија информираат дека одлуката за замрзнување на цените ќе трае до 31 јануари 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.