Досегашната реализација на пакетите економски мерки со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, ги дадоа очекуваните резултати. Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Позитивни сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата. Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите. Вториот пакет економски мерки е имплементиран стопроцентно, а севкупна реализација од на четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра.
Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат. Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.
Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите. Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020. Економските мерки даваат резултати. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, развојна и конкурентна економија која носи шанса за сите“, рече Кузеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.