Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат, изјави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа истакна дека платите континуирано растат и во услови на пандемија.
Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217 денари. За 6,8 отсто повисока од истиот месец во 2020 година. Покрај борбата со пандемијата ветивме економија – правда. Тоа испорачавме. Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните, рече Кузеска.
Дополнително, како што истакна, по цела година за прв пат во месец март оваа година е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.