Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во денешното гостување во „Утринска на Телма“ на телевизија Телма потенцираше дека во
првиот мандат како градоначалник реализирани се повеќе од 400 проекти, што е видлив резултат.
„Како една од ретките општини, од апсолутен загубар успеавме финансиски да ја стабилизираме општината. Вративме околу 11ипол милиони евра долгови, камати, тековни обврски, а раздолживме и некои од јавните претпријатија. Кога дојдов на позицијата градоначалник, Куманово беше на третото место по задолженост. Успеавме да ги намалиме загубите во системот со водоснабдувањето. Во Куманово нема проблеми со водоснабдување и во летниот период каде што е највисоката зона, затоа што направивме заштеди во загубата на водата којашто ја губевме во системот. Дополнително, ги реконструиравме сите средни училишта во градот за помалку од три години. Ќе продолжиме со имплементација на програмата онака како што работевме. Нашиот план е Куманово повеќе да нема кал, да се санираат сите улици во градот, во централното градско подрачје и во населбите. Дополнително, предвидуваме ширење на водоводна мрежа,
Куманово е единствен град којшто сам со сопствени средства развива гасификација. Започнавме со изградба на 1.1 километар гасификациона мрежа, уредување на централното градско подрачје. Понатаму, ќе направиме реконструкција на постоечкиот градски парк, изградба на нов градски парк на локалитет Проевце, изградба на пет кружни токови, два се веќе во подготовка, ги префрливме за следна година“, изјави Димитриевски.
Димитриевски, посочи дека во план е отворање на дополнителен производствен капацитет на „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица, кадешто треба да се вработат повеќе од 2000 граѓани, а на средбата со менаџментот на компанијата побара да се зголемат и платите.
Во однос на загадувањето, тој истакна дека Куманово има краткорочни и долгорочни мерки за справување со загадувањето.
„Краткорочните мерки се системот на аеросолизација во најголемите пикови, прскање со водена прашина што го применивме први во државата, претходно правевме истражување се покажа како функционално, долгорочното е катастар на загадувачи кои ги завршивме. Дополнително, раззеленување на градот и гасификацијата. Ќе пошумуваме, ќе озеленуваме и ќе шириме гасоводна мрежа. Први сме во државата коишто инсталиравме сопствен мониторинг систем за мерење на загадување. И сега, ако отидеме на веб-страницата на општината ќе добиеме линк на шест локации во градот, имаме мерни станици кадешто го мериме загадувањето колку е во моментов. Имаме централна станица за мерење на загадување“, рече Димитриевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.