Пратеникот од Левица, Борис Крмов, на третиот ден од расправата за избор на новиот бладин состав, од собраниската говорница истакна дека намалувањето на данокот за ИТ работниците не е лошо само по себе, но власта со програмата се обидувала да ги привлече како гласачи, а за оние кои едвај врзуваат крај со крај не им ги намалува даноците.
Во програмата се откажувате од прогресивниот данок, смешно ми е самиот капитал инклузивно да се согласи сам да се даночи и мислам дека сите тука во салата го знаат, тоа една лага, ако сакате да го даночите крупниот капитал треба да се собере храброст и да се користи државниот апарат, соберете храброст па даночете го крупниот капитал и богатите, порача Крмов.
Имаме намалување на персоналниот данок на ИТ работниците, не е тоа само по себе лошо, но тие имаат едни од повисоките плати во државава и сега кога ќе размислите зашто не би се намалиле платите на луѓето кои што едвај врзуваат крај со крај, значи тие што работат за двеста евра, сакате тие луѓе да ги привлечете да ви бидат гласачи затоа што работничката класа одамна не ве гласа, рече Крмов.
Тој вели дека власта ќе продолжи да не делува во оданочување на богатите, и од создавање минус со странските инвестиции кои ги наградуваме. Пратеникот вели дека сега ќе се креваат даноците за најсиромашните граѓани, а купувањето на струјата го смета како еден вид данок иако тој не влегува во даноци.
Крмов вели исто така дека не може милионери да ги водат министерствата и после од нив да се очекува да се грижат за луѓе кои земаат 200 – 300 евра плата, додавајќи дека имало неколку министри кои биле милионери од актуелните министри.
Крмов критикуваше дека ова програма на владата во делот со економијата ќе создаде многу дупки во буџетот, во недостаток од пари, ќе има нови задолжувања, а веќе сме задолжени со милијарда евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.