Ќе има ли разрешувања или оставки и дали и кој ќе понесе одговорност за лошата ситуација во која се најде Македонија на енергетски план? Според информации на Фактор, Васко Ковачевски, актуелниот директор на АД Електрани на Македонија (ЕСМ) треба да биде разрешен од функцијата на денешната владина седница, но официјална потврда од Владата нема, а не ја потврди ни самиотк објавува „Фактор.мк
Изворите велат дека иако определбата за смена на Ковачевски била децидна минатата недела, големо влијание за носењето имал и разојот на настаните на политичката сцена изминатиов викенд па и вчера. ВМРО-ДПМНЕ поднесе вчера барање за гласање на доверба на Владата, а премиерот Зоран Заев во објавата која следуваше не навести сепак дека ќе си ја поднесе оставката од премиерската функција и официјално иако веќе ја најави на денот на вториот круг од изборите. Во четврток треба да се гласа доверба на Владата, па нашите извори велат дека тоа би можело да има влијание и на носењето на други владини одлуки.
Целиот текст на Фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.