Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во разговор за ТВ21 ги демантираше обвинувањата искажани пред 20 дена дека во РЕК Битола имало јаглен за само два дена и праша како тогаш работи РЕК Битола?

Она што треба да го знаеме како јавност, дека во државата располагаме со 1450 мегавати инсталирана моќ на сите државни капацитети. Во моментов располагаме некаде со 1200 мегавати, вкупни капацитети. Во изминатите 10-12 години изграден и пуштен само ветерниот парк во Богданци со 36 мегавати. Владата тогаш и тогашните раководства на ЕЛЕМ, сега ЕСМ вложиле во енергетиката само 36 мегавати.

 

Кога го превземавме ЕЛЕМ, сега ЕСМ немаше развојни студии да се изградат капацитети. За само две години пуштена 30 мегавати гасната електрана во Скопје, за скоро ќе се пушти 10 мегавати фотоволтаици во Осломеј, и 100 мегавати по јавно приватно приватноста. За само две години имаме 140 мегавати.

 

Опозицијата може да обвинува колку сака. Обвинуваа пред 20 дена дека има јаглен во РЕК Битола само за два дена. Треба да ги прашате зошто шират лаги и ја заплашуваат јавноста. Како работеше во овие 20 дена РЕК Битола? На воздух, на вода? – вели Ковачевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.