Сопственикот на најголемиот удел во Еуростандард, Трифун Костовски, изјави дека со стечајот е направен обид да се скрие криминалот, а тој е виновен што бил наивен и што слепо му верувал на поранешниот претседател на Управен одбор, Николче Петкоски.
За време на надзорната расправа во Собранието за случајот со Еуростандард банка, Костовски, не се согласи со изјавата на гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска, дека е направено сѐ банката да не отиде во стечај.
Минатиот март состојбата беше 10 пати полоша отколку сега во август – возврати Костовски.
Според него, станува збор за организиран криминал, што не почнал пред една година, туку многу порано.
Падот на адекватноста на капиталот кој беше на крајот од март 6,55 е поради вонредната ситуација со која со сила на закон ни беше наметната забрана за присилна наплата. Ние секој месец имавме 2,5-3 милиони евра на тој начин. Вонредната ситуација траеше 97 дена. Со претходна забрана да работиме со физички и правни лица, сето водеше кон влошување на состојбата на кредитното портфолио – вели Костовски.
Тој потсети дека со една уредба бил оневозможен стечај три месеци по укинување на вонредната состојба, а на 29 мај таа уредба била укината и потоа Еуростандард банка отишла во стечај.
Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете – изјави Костовски.
Тој не се амнестираше од одговорноста и кажа дека е виновен што како претседател на Надзорниот одбор не ја следел состојбата со кредитното портфолио.
Како членови на Управниот одбор бевме излажани затоа што на чело имавме човек што ни кафе не пие, што го сметавме без ниту една дамка, но тоа не било така – изјави Костовски.
Тој многу бурно реагираше на прашањето дали знаел за пласмани во фирми блиски до СДСМ.
За мене нема СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Јас сакам под едно знаме мирно да живеам овде. Немојте овде пред мене да ги изнесувате тие ваши препукувања – порача Костовски.
На Надзорната расправа Ангеловска-Бежоска доби прашање како 29 фирми од Струмичко не платиле рати од 12,8 милиони евра, а таа се обврза писмено да одговори.
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, пак, пред присутните презентираше многубројни предмети кои се отворени за случајот „Еуростандард“.
На Надзорната расправа во Собранието, на тема „Утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“ присуствуваат гувернерката Ангеловска-Бежовска, Костовски, пратеници, гости и медиуми, присуствуваат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.