Иако соочени со најголемата светска здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата земја, бележиме раст на просечната плата. Имено, просечната нето-плата во мај 2020 година, или во време на COVID-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани . Или поконкретно, просечната нето плата во мај 2019 година изнесувала 25.270 денари, а оваа година таа се зголемила на 26.390 денари.Ако споредиме со месец април, таа е повисока за 560 денари односно во месец април просечна нето- плата во државава изнесуваше 25.830 денари, изјави Коста Петров од СДСМ.

За изминатите три години преку бројни мерки и политики СДСМ покажа што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата, за државата. Тоа граѓаните го почуствуваа со растот на минималната, просечната плата, пензиите и растот на социјалната помош.Во таа насока остануваме и понатаму. Со уште повеќе нови политики и мерки кои ќе бидат насочени исклучиво во интерес на граѓаните и државата, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Од ВМРО ДПМНЕ реагираа на  прес-конференцијата на  Коста Петров

Со СДСМ Македонија само тоне, и станува Колумбија од времето на Пабло ЕскобарЗоран Заев и СДСМ ја упропастија Република Македонија. Ветуваа 500 евра плата, а во реалноста истата е далеку под тоа. Зоран Заев и СДСМ ветуваа раст на БДП годишно од 5-7%, а немаме ни пола од тоа.СДСМ три години систематски ја уништува Македонија. Јавниот долг за 3 години надмина над 5 милијарди евра, а само оваа година заради лошиот менаџмент буџетската дупка ќе изнесува 1 милијарда евра, велат од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ не работи домаќински, туку апашки. Буџетот го користат само за намирување на нивните апетити, за преку тендери да ги полнат сметките на ним блиски фирми.Три години во Македонија нема здрава бизнис клима. Три години во Македонија картони за палење на коли дели Вице Заев, а братучед му Трајче одлучува кој бизнис може, а кој не може да работи.Со СДСМ Македонија само тоне, и станува Колумбија од времето на Пабло Ескобар.Македонија заслужува подобро. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато. Одговорност мора да има, соопштија од ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.