Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата. Среде земјоделски регион и најплодна почва, Заев најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. Тој на земјоделците од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Да биде овој бизнис уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста.

Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошко злосторство, велат од опозицијата.

Ова како и за многу други добри зделки на Заев мириса на провизии и криминал, се разбира на штета на народот. Во ситуацијава на штета на граѓаните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини. Нив ги прелажа, а сега се заканува да им ја загади земјата од која живеат.

Во претставувањето на инвестицискиот план, премиерот Заев пред неколку дена најави 504 милиони евра во комунална инфраструктура – животна средина (прочистителни станици, селектирање на отпад и сл.).

Инвестиција во енергија од отпад, преговараме веќе 7, 8 месеци со инвеститор од Луксембург кој што ни нуди можност инвестиција од 336 милиони евра со плазма за согорување односно без кислородно согорување на високи температури. Оваа инвестиција е во затворен систем без оџак строго еколошка инвестиција и на неа и претходат селекциони или сепарациски опреми за примарна селекција на отпадот, но инвестицијата содржи 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици, дополнително 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво и не територијата на Општина Неготино. Овој проект претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Македонија или опфаќа 48 Општини. Станува збор за целосно странска приватна инвестиција, по пат на Законот за стратешки инвестиции, најави Заев.

Следни планови на Владата во овој сегмент се Фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, 37 милиони евра од ЕУ, каде што е формирано заедничко комунално претпријатие за управување со депонијата односно со новата фабрика во Свети Николе

Верувам дека до крајот на годината можеме да стартуваме со изградба на овој значаен проект. Се работи за огромен број општини од Штипскиот и Кумановскиот регион. Изградба на колектори за прочистување на отпадни води во Битола, вредност од 30 милиони евра грант до ЕУ со 15% државно финансирање. Тендерот ќе биде објавен во текот на јуни месец, се надеваме успешен тендер. Следен е колекторот за отпадни води во Кичево, проект 14 милиони евра или 13,8 милиони евра, кој ќе биде тендериран исто така во текот на јуни, со грант од ЕУ со 15% државно финансирање. Очекуваме почеток на изградба да биде крајот на годината или почетокот на 2022 и секако изградба на прочистителни станица за отпадни води во Тетово, проект вреден 32 милиони евра, донација од ЕУ со 15% државно финансирање, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.