Владата на 127-та седница седница ја разгледа и усвои Информацијата за конституирање на Комитет за преговори и преговарачкиот тим за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 Д (Делница на автопатот Прилеп-Битола) во Република Македонија, по предлог на Министерството за транспорт и врски.
За членови на Комитетот за преговори се определени првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и за економски прашања, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за животна средина, за труд и социјална политика, за економија, за транспорт и врски, Фатмир Бесими, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.
Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието на Република Македонија со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија – информираат од Владата.
На 127-та седница е разгледана и усвоена Информацијата за подготвителните активности за втората фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас до постигнување на договор за доделување на договорот за овој стратешки проект за гасификација на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.