Изработка на стратегија како основа за туризмот во смисол на заедниќчко делување со туристичките работници. Формирање на биро на ниво на локалната самоуправа кое ќе ги артикулира барањата на туристичките работници, не само од делот на Пелистер, туку и од целата друга туристичка понуда – истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Коњановски додаде дека со донесување на ГУП и ДУП-ови ќе се овозможи подобро функционирање на Битола.

Како што реков, со донесувањето на ГУП и со донесувањето на ДУП-ови ќе се овозможат локации, места каде што ќе можат инвеститорите кои се во најава да инвестираат во изградба на објекти, туристички капацитети. Тоа секако ќе го зголеми и туристичката градска понуда во градот. Ние сме подготвени во самиот почеток да ја ревитализираме, обновиме и доизградиме туристичката рута Тумбе кафе-Смолево. Тоа е една прекрасна пешачка зона која може да се оплемени и со велосипедска патека и содржини кои ќе бидат атрактивни за секојдневното туристичко движење низ градот – истакна Коњановски.

Тој посочи дека во изминативе четири години локалната власт ништо не направи за туристичките работници и самиот туризам во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.