Указот на Владата која наложи сите концесионери на плажи на брегот на Охридското езеро да ги напуштат и да ги вратат во првобитна состојба, ги налути општина Струга и закупците. Указот ќе го обжалат во Уставниот суд бидејќи тврдат дека е спротивен на Уставот и со законите за локална самоуправа, за животна средина и за градежно земјиште.
Ние ќе настојуваме да ги поддржиме концесионерите бидејќи имаат вложено доволно од нивниот живот за тие плажи, рече Дашмир Насуфи-општина Струга за Алсат М..
Општина Струга алармира дека владината одлука ќе предизвика големи штети по туризмот во градот, а дополнително без работа ќе останат и многу граѓани. Гневни се и концесионерите.
Утре ќе излезам да гласам и на кого да му дадам глас? На тој што ме ништи? Овој закон мислам дека е пребрз. Мене ми е проблем и ме боли душата затоа што 160.000 евра имам вложено таму. Срам да им е! вели Ајруш Мифтари-концесионер.
Според неофицијалните најави, први на терен во текот на наредните денови ќе излезат УЈП и Пазарната инспекција која ќе ја проверуваат документацијата на концесионерите. Инаку, сите закупци на плажите долж езерото, односно околу 35 на број, имаат договори кои се истечени, некои во 2014, а некои во 2017 година.
Инаку на сите закупци на плажи околу 35 на број и во Охрид и во Струга договорите им се истечени на некои во 2014, а на некои во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.