Компанијата на пратеникот Крсто Муковски „Атриум ДОО” од Вевчани доби тендер од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор, објави „Лидер“.

Муковски е поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ, кој беше исклучен од партијата. Тој беше еден од пратениците кој гласаше за промена на името на државата.

На 30 декември 2019 година неговата компанија ,,Атриум ДОО” од страна на државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловен простор доби тендер за изградба на објект во Свети Николе во вредност 76.960.351 денари или 1.251.000 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.