Градежната компанија Атриум, во сопственост на семејството на пратеникот Крсто Мукоски, неодамна добила тендер и од Управата за хидрометеролошки работи во вкупна вредност од 3 милиони денари или скоро 49 илјади евра, објави Фокус.

Атриум ДОО од Вевчани и УХМР во јули годинава склучиле 3 договори за реновирање и санација на објектите на метеоролошките станици и полигони во рамки една таканаречена поедноставена отворена тендерска постапка, стои во податоците од Бирото за јавни набавки.

Имено, предметот на набавката бил поделен на 3 дела, при што едниот се однесува за вршење на градежни работи на објектите на метеоролошките станици во Берово и Виница, вториот за метеоролошките станици во Лазарополе и Пожаране и третиот за станиците во Претор и Охрид, повеќе на Фокус.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.