Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ излезе со свое соопштение во кое стои дека македонската економија тоне, а решение нема.

Со вакви демагози македонската економија ќе продолжи да тоне! Се фалеше насекаде со градење на нови фабрики и прилив на СДИ, а веќе шести ден молчи за катастрофалниот пад и историски најниското ниво на СДИ во првата половина од 2019 година, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Се фалеше со капитални инвестиции во инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат конкурентноста на македонската економијата за да денес се обидува тоа да го релативизира со некаква демагогија дека средствата ќе биле продуктивно пренасочени во услови кога сите гледаме дека парите на граѓаните се трошат само за непродуктивни цели.

Се фалеше со раст на платите преку зголемување на продуктивноста во економија врз база на пазарни услови за да денес се обидува да не убеди дека со мерката за плаќање на придонесите од буџетот на државата ќе растеле платите во услови кога ваквата мерка е неодржлива и нема да придонесе за никаков реален раст на платите освен во официјалните статистики.

Се фалеше со мерки за поддршка на реалниот сектор со цел технолошко унапредување на македонските компаниите за да денес гледаме како молчи за милионските грантови кои државата ги доделува во рамките на планот за економски раст без никаква транспарентност и отчетност.

Се фалеше со поддршка за младите претприемачи и брзорастечките сектори за да покасно видиме како молчи за воведувањето на прогресивното оданочување кое најмногу ги погоди токму тие луѓе и сектори.

Се фалеше со новиот закон за енергетика во услови кога една третина од хидроцентралите во земјата се во негова сопственост.

Овој човек е спремен да продава секаква демагогија и да молчи мудро секогаш кога треба за да може да ги остварува своите лични мегаломански амбиции!, стои на Фејсбук странцијата на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.