Тешка манипулација е дека со ребалансот на Буџетот ќе се инвестира во човечки капитал, реагираат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:
Заев се обидува мерката за субвенционирање на придонесите за која во новиот ребаланс на буџетот се предвидени 40 милиони евра да ја претстави како наводни инвестиции во човечки капитал. Дури катастрофалната политика за кратење на 52 милиони евра за реализирање капитални проекти се обидува да ја прикрие со оваа мерка.
Да му појасниме неколку работи на Премиерот Зоран Заев!
Човечкиот капитал е збир на знаења, вештини и способности на луѓето кои се или потенцијално може да бидат ставени во процес на производство. Постојат два типа на инвестициите во човечки капитал: образование (формално и неформално) и учење преку работа.
Заев и оваа Влада со катастрофалните образовни политики и кратењето на средства со ребалансот на Буџетот од образование и наука покажа дека ниту знае, ниту има интерес да се зафати со суштински реформи во градење на квалитетно образование кое ќе го подигне нивото на човечки капитал кај младите генерации како идни носители на економскиот раст.
Дополнително, најавите за воведување на дуално образование и градење на систем за квалификација и доквалифилација на возрасните граѓани со ниски вештини се претвори во ефтина пропаганда.
Целта на Заев не се никакви инвестиции во човечки капитал, ниту создавање на реални и одржливи услови за раст на платите и подобрување на животниот стандард. Наспроти, неговата единствена цел е преку манипулации и популизам полесно да ги остварува своите лични интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.