Од Комерцијална банка АД Скопје информираат дека банката нема побарувања од Еуростандард банка и нема хипотека на зградата на Еуростандард банка.
Како што велат од Комерцијална банка, информираат за ова со цел да се спречат можните шпекулации, по прес-конференцијата на сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски.
Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка. Точно е дека компанијата Гофи користи долгорочен кредит од Комерцијална банка во износ од околу пет милиони евра. Побарувањето на Комерцијална банка по овој кредит е обезбедено со т.н. зграда на Поштенска банка и со дел од зградата Палата Македонија. Зградата на Еуростандард банка не е под хипотека во Комерцијална банка, како што можеше да се стекне впечаток од изјавите дадени на вчерашната прес-конференција – се наведува во соопштението на Комерцијална банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.