Се чека изготвување на деталниот извештај за финансиската конструкција за трошоците кои ги направи Владата за посетата на папата Франциско. Од Владата велат дека транспарентно ќе ја информира јавноста за износот кој владата го потроши за историската посета на поглаварот на римокатоличката црква на земјава.

Од Католичката црква пак велат дека тие биле задолжени за црковните церемении. Ни тие не откриваат колку пари потрошиле. Според нив духовните придобивки не се мерат со ништо материјално.

Папата ручаше во ресторан телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.

Засега конкретна бројка има само од ЈСП. Според нив за денот кога граѓаните се возеа бесплатно, претпријатието го чини 120 илјади евра. Не се откриваат бројки ни од властите во Скопје. Тие не откриваат колку пари чинеше средувањето на градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.