Партијата Левица на Фејбук објави статус и докази со кои обвинува за лицемерие на заменик-министерот за економија, Кирил Колемишевски. Имено од Левица пишуваат дека Колемишевски, како член на Влада која не успеа да исполни ниту една мерка од Планот за чист воздух, со лош ПР ја замајува јавноста со маргинални решенија наместо системски пристап (како садење три дрва), неговата фирма се јавува како застапник во тужбите на Еуромакс против активистите кои доследно се бореа за затворање на рудникот Иловица-Штука.

Оваа влада на СДСМ без никаква визија, ниту реализација на ветеното намалување на загадувањето на воздухот за 50 проценти, единствено се занимава со шарлатанство и евтин ПР додека штити озлогласени корпорации и нивните екоцидни проекти, стои во статусот на Левица-Зелен сектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.