Владата го прифати Предлогот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, со кој се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Република Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, информираат од владината прес-служба.
Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот – соопштија од Владината прес-служба.
Законските измени се предвидува да важат од 1 јануари 2022 година.
Според одредбите од овој Закон, државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.