Незаконско одгледување на марихуана е делото со кое српската држава го товари Предраг Колувија. За една година  заработил 3.2 милиони евра од марихуаната пронајдена на неговата плантажа. Колувија во средната на овој месец е уапсен со фалсификувана службена полициска исправа и е откриено дека помеѓу пластениците со органска храна и има марихуана.

Нема никакви подетални информации за неговото делување во Македонија, но она што се знае дека тој има удел во струмичка компанија каде сопственик е Горан Крстев, бизнис-партнер на Заеви.

Горан Крстев е сопственик и на дел од Глобал, за кој заедно со Заев доби аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, за криминал тежок 8 милиони евра, со што на судството не му беше дозволено да го докаже криминалот кој тогаш го правел градоначалникот на Струмица

Горан Крстев е лицето кое заедно со Зоран Заев беше амнестирано од Бранко Црвенковски во 2008-та година за случајот Глобал.

Денес тој се јавува како сопственик на компанија за одгледување на марихуана, а неформалните сознанија говорат дека плантажите за марихуана се сопственост на лица од семејството Заеви.

Дали Македонија станува црна зона за тргување на струмичката марихуана со оглед на заинтересираност на премиерот за развивање на овој бизнис?

Нема подетални информации за делувањето на Колувија и зошто ниту една институција не го проверува неговото работење во државата и дали овде имало нелегална трговија со марихуана.

Заев својата заинтересираност за бизнисот со марихуана ја потврди со средбата со Биг Мајк. Инстаграм кралот на марихуаната и еден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, беше официјален гостин на премиерот Зоран Заев во Владата на Македонија. За разлика од речиси сите средби со странски делегации, за оваа Заев не се пофали на социјалните мрежи, но се пофали Биг Мајк, кој на Инстаграм напиша дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот.

Скандал беше и тоа што Заев сакаше да протне закон за измена на Законот за психотропни суптанци, со европско знаменце во моментите кога државата остана без датум за преговори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.