Објавена новата Листа на должници од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) со долгови кои се доспеани до 31. март, а неплатени до 30 јуни оваа година.
Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.684.577.660 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 260.639.595 денари. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.537.537.637 денари (помалку за 261.243.887 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 147.040.023 денари (повеќе за 604.292 денари од претходната листа).
На оваа Листа објавени се 1.924 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 1.882 физички лица (помалку за 642 од претходната листа).
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојните вршители на должност, што се најдоа на оваа листа, имаа долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот надминува 300.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.