ЕЛЕМ работи со загуби, а власта не реагирала на таквата ситуација, вели во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претставничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочовска. Како што кажа таа, компанијата имала обврска да доставува финансиски извештаи до надлежното министерство, но од таму немало соодветна реакција.
„Акционерските друштва во државна сопственост имаат обврска на квартална основа да доставуваат финансиски извештаи до Министерството за финансии. Тука се поставува прашање – што направило министерството, кога почнало да гледа каква е состојбата во ЕЛЕМ, а не е од сега. Минатата година ЕЛЕМ имаше загуба од речиси 17 милиони евра“, рече Кочовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.