Додека Јана секој ден се соочува со најголемиот предизвик кој било кој човек може да го има во својот живот, ние можеме да и помогнеме ширејќи ја вистината за нејзината голгота – со надеж дека невидените и незамисливи постапки на лица и институции ќе бидат само мотивација за вистински хуманите и топли срца кои ќе и дадат поддршка на Јана во најважната битка во нејзиниот живот, информираат преку страницата за помош на Јана Арсовска „Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА“.
Погледнете низ фотографии и дообјаснувања, црно на бело, со документи, со што се соочува Јана изминатите години, особено изминатите месеци. Затоа, нејзиното прашање беше сосема на место: Кој канцер е поопасен? Во телото или во системот? Кој канцер убива повеќе луѓе? И, кога е во прашање системскиот канцер, прашањето до луѓето по институциите кои за човечки животи одлучуваат како да се богови прашањето до нив е следно:
ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ОВА, ЛУЃЕ? КОЈ ВИ ЗГРЕШИЛ? ЗОШТО НЕ И ПОМОГНЕТЕ ДА СЕ ЛЕКУВА? ЗОШТО И ЈА УСПОРУВАТЕ БИТКАТА ЗА ЖИВОТ? ЗОШТО СТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕЧКА, ПОКРАЈ САМИОТ РАК? ЗОШТО? ЗОШТО? ЗОШТО?
Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 (екс ВИП) 143 467
За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка
За хуманите луѓе надвор од Македонија:
gofundme.com/hopeforjana
или преку жиро-сметка на
IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.