Погонот на компанијата „АрцелорМитал“, кој поради дефект предизвика еколошка катастрофа во водите на Вардар, доби забрана за работа во времетраење од 3 месеци. На компанијата и се заканува и парична казна од 70 до 100 илјади евра, доколку се утврди дека е направен прекршок од трета категорија.

Еколошката катастрофа се случила поради пукање во погонот при што дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за
отпадни води и обоена црвеникаво-жолта отпадна вода завршила во реката Вардар, тврдат од Државниот инспекторат за животна средина.

Дали за раководството на оваа компанија ќе следи и кривична пријава, ќе се знае најмногу за два дена. Станува збор за технички инцидент кој се случил на линијата лужилница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.