Ќе се зголемува прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ. Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста.
Ова го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Прогресивниот данок е воведен, ние го викаме правичен. Во делот на физички и правни лица за лимитот на ДДВ од еден милион денари, Министерството за финансии работи на таа проблематика, бидејќи сè уште нема методологија за поврат на ДДВ. Следните денови Министерството за финансии ќе излезе со податок во фукција на исполнувње на програмското ветување на оваа Влада. Ќе има промени, не знам дали ќе биде три милиони, два милиони, 2,5 милиони или слично, ќе има одредени промени како поддршка на економијата и севкупната потрошувачка на граѓаните, изјави Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.