Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање на царина на суровини за медицински цели, најави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
Од плаќање на царина ќе бидат ослободени средствата за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, очила и друга заштитна опрема – рече директорот на денешната прес-конференција.
Ќе има олеснување на царинската процедура и за снабдувањето на етилалкохол. Тој најави дека ќе се олесни регистрацијата на економските оператори кои користат етилалкохол.
Побарани се итни законски измени за издавањето на одобренијата за акцизно повластено користење за етилалкохол кој се користи во аптеките или компаниите кои произведуваат дезинфекциски или други помошни и лековити средства. Обврската се одложува во траење од шест месеци – рече Танасоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.