Ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, вечерва во „Економски магазин“ на Алсат. Додаде дека ова ќе го предложи на владината седница која ќе се одржи во вторник.

„Уредбата е веќе објавена, во текот на наредниот ден и во петок ќе имаме средби со членовите на   комисијата кои се предвидени во рамки на уредбата за прогласување кризна состојба, а јас како министер за економија на првата седница на Владата, која се очекува да биде во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласи оваа кризна состојба“, нагласи министерот Бектеши.

„Што се однесува до мерките, во моментов не се предвидени рестриктивни мерки“, рече Бектеши. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.