Од 1 декември ќе биде дозволена употреба само на биоразгрдаливи кеси, кои ќе се продаваат по цена од 15 денари. Најголем дел од надоместокот ќе оди во Фондот за заштита на животната средина. Од декември се забрануваат и амбалажите за пакување или служење храна во угостителските објекти, за почеток само во заштитените подрачја.
За заштита на животната средина, но и за усогласување кон европското законодавство Владата преку неколку закони, планира да се справува со отпадот. Целта е и постепено да се премине кон циркуларната економија, каде што преку рециклирање на отпадот се добива готов производ.
Инаку, од почетокот на јули во земјите членки на Унијата стапија на сила забраните за употреба на пластични производи за еднократна употреба. До сега, во целост се применува во само осум од 27 членки. Во рамки на овие правила, сламките за пиење, пластичните шољи, чинии, прибори за јадење, кесите за пакување храна, чепкалките за уши, се исклучени од продажба. Во употреба остануваат пластичните ПЕТ шишиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.