Владата донесе одлука да се формира солидарен Ковид 19 фонд, како посебна наменска сметка за примање донации од правни и физички лица кои ќе донираат средства, а ќе се користат за помош при справување со коронавирусот.

Одлуката за формирање на фондот е дел од новиот втор сет економски мерки за помош поради кризата со коронавирусот што ги објави денеска Оливер Спасовски со владиноот економски тим.

Спасовски повика во фондот да донираат сите правни и физички лица на кои оваа држава им овозможила да создаваат профит.

– Сега е моментот да се солидаризираме, порача Спасовски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.