Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за формирање нов совет за заштита на потрошувачите и донесе Решение за именување членови на советот за заштита на потрошувачите.
Советот во основа има за цел да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права. Советот ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите, ја следи реализацијата на Програмата за заштита на потрошувачите и предлага на Владата на Република Македонија мерки за нејзино остварување – соопштија од Владината прес-служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.