Развојната банка на Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2“.
Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци.
Преку објавата на јавен повик со кој се овозможува корисниците на кредит од „Ковид 2“ да побараат продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата се реализира мерка објавена во петтиот сет економски мерки. Објавата на јавниот повик е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош, објавена во Службен весник бр.121 од 03 јуни 2021 година – информира Развојната банка.
Оние кои користат кредит од „Ковид 2“ во рок од седум дена треба да поднесат барање до Развојната банка. Барањето е прикачено на јавниот повик, а се доставува преку електронска форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.