Денеска беше најавена нова фабрика што наскоро ќе почне да се гради, индиска „Малхотра“ која ќе произведува кабли наменети за автомобилската индустрија. Вицепремиерот Кочо Анѓушев, ја претстави како нова инвестиција донесена во овие година и половина. Но „Малхотра“ веќе официјално беше објавена уште во 2016 година.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат. Велат СДСМ, Зоран Заев и Кочо Анѓушев продолжуваат да се фалат со инвестициите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велад дека вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска без нималку срам вели дека во Технолошко индустриската развојна зона „Скопје“ ќе има нов инвеститор индиска „Малхотра“.
-Ова е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. Влезот на компанијата беше најавен декември 2016 година, а градежните работи требаше да завршат на крајот на 2017 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја најави оваа инвестиција во висина од 9,3 милиони евра. Лагите на СДСМ се секојдневие. Единствена цел им е да ги излажат и изманипулираат граѓаните. Граѓаните веќе ги чувствуваат лагите на СДСМ. Затоа оваа влада треба да си замине. Граѓаните ќе стават крај на лагите и црнилата на СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Писмото со намери за инвестирање во Македонија од декември 2016 година е објавено на интернет. Локално ги претставувала Магнум консалтинг, индиска фирма која носи инвестиции во регионот, која се јавува и како преговарач со БРГ за инвестирање во Велес. Индијците вбиле неколкупати , посетувајќи неколку локации во земјава, а крајната одлука била Скопје. Преговорите се воделе со ТИРЗ и тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Била избрана локација во ТИРЗ, но тогашните случувања со Шарена револуција и собраниските случувања околу изборот на Талат Џафери за претседател на парламентот биле пресудни тие да ги стават своите активности во мирување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.