На вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик-министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски, дознава Алсат ТВ. Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор. Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов, ја напушта функција и заминува на друга позиција.
Кирил Колемишевски на јавноста ` е многу повеќе познат како член на бендот „Нокаут“ иако е адвокат кој се занимава со стопанско право.
Освен Колемишевски, се очекува вечерва ЦО на СДСМ да го поддржи предлогот, Нина Ангеловска да биде кандидат на СДСМ за министер за финансии на упразнетото место на Драган Тевдовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.