Aкционерите на регионалниот процесинг центар КАСИС АД Скопје, на 30.05.2019 година, го одржаа своето редовно Годишно собрание на кое потврдија дека Друштвото ја заврши 2018 година со добивка во износ од 13. 247 милиони денари, која по пресметување на данокот на добивка изнесува 11. 529 милиони денари.
Вооедно се верифицираше работата на Надозрниот Одбор и завршувањето на четиригодишниот мандат на Коста Митровски, за време на кој мандат ја извршуваше функцијата Претседател на Надзорниот Одбор.
Друштвото се стреми кон зацврстена пазарна позиција и согласно стратегијата и понатаму ќе делува во сферата на современите начини на плаќање. Од таму за потврда се истакнува и податокот дека дури 57% од трансакциите на т.н интернет продавници во државата се процесираат преку системите на КАСИС АД Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.