Градоначалникот на Тетово Биљал Касами во емисијата 24 анализа вели дека не се работи за затворање на училиштата, додека нема слух од владата ќе најдат начин тие да функционираат.
-Да има оптимални услови децата да учат. Се работи за барање за реогранизација на школската година, два месеци да се продолжи зимскиот реаспуст, а во јуни да се продолжи учебната година до крај на јуни и со настава да се почне на 15 август. На тој начин ќе се штеди и греење и ќе имаат услови за учење. Во моментот во Тетово на учениците им недостасуваат 35.000 книги и додека не обезбедуваме книги, не може да зборуваме за дигитализација и сме подготвени да ги набавиме. Како општина сме подготвени сами да ги обезбедиме книгите. Ако владата обезбедува струја за домаќинствата, треба и за училиштата, рече Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.