Антикорупциската комисија го објави имотниот лист на министерката за финансии, Нина Ангеловска. Според податоците кои Ангеловска ги има испорачано до комисијата, таа има лични депозити во вредност од над 350.000 евра.

Таа во „Еуростандард“ има скоро 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51 илјада евра девизен депозит во истата банка од 2017. Во УНИ банка има девизен депозит од 33 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки.

Министерката пријавила и недвижнини – деловен простор од 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11. Двата заедно вредат околу 4 милиони денари. Ангеловска исто така пријавила акции од 1,6 милиони денари стекнати во 2012.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.