КАМ ДОО Скопје ги демантира тврдењата во врска со случајот од 4 април годинава, кога потрошувач на Фејсбук објави дека во замрзнатиот т.н. царски микс на зеленчуци, купен во еден од нивните маркети, е пронајден глушец.
Според КАМ, случајот, спротивно на законските прописи, непотврдено бил изнесен не само на социјалните мрежи, туку и во одделни медиуми, при што биле доведени во заблуда јавноста и потрошувачите.
Компанијата тврди дека по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите ја потврдиле исправноста на производот.
Веднаш по објавувањето на непотвредената информација на 04.04.2021 како што налагаат интерните процедури, компанијата најодговорно ги презема сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на случајот, компанијата постапи согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите. Компанијата КАМ во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компанијата, одлучно ги презема неопходните законски постапки за изнесување на случајот пред лицето на правдата, наведува КАМ во демантот.
Компанијата додава и дека ќе продолжи секојдневно доследно да ги спроведува најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.
⚠️Известување до јавноста и потрошувачите⚠️ за резултатите по извршените контролни проверки во врска со случајот за наводно откриено страно тело во замрзнат производ од увоз.
Posted by KAM MARKET on Tuesday, May 4, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.